_Element Anti-age тоник за лице со змиски отров – 150 ml
Anti age спреј-тоник кој совршено ја хидрира кожата на лицето, вратот и деколтето и остава чувство на свежина и природен сјај.
Anti age тоникот за лице со змиски отров одлично ја тонизира и хидратизира кожата, го враќа чувството на свежина и ја подготвува Вашата кожа за следните чекори за нејзина нега. Тонизирањето на кожата е важен чекор од Вашата дневна рутина за нега на кожа кој често знаеме да го занемариме. По отстранувањето на шминката за да се врати природната pH вредност на кожата која е природна заштита на кожата од микроорганизмите задолжително е да се нанесе тоник, пред да се нанесат останатите производи за нега. Со тоникот ние ја подготвуваме кожата за следните чекори од нашата дневна рутина.
Anti age колекцијата за нега на лице со змиски отров содржи козметички препарати со аналог на отров од змија за нега на целото лице која ни овозможува да му помогнеме во борбата против првите знаците на стареење и да ја стопираме појавата на мимичките брчки кои низ годините можат да започнат да се појавуваат.
Основни активни компоненти: Главна состојка на овој спреј тоник за лице е патентираниот аналог со слично дејство како пептидите од змиски отров од ендемскиот вид Tropidolaemus wagleri. Змискиот пептид е синтетичка супстанца која ја имитира функцијата на змиски отров, познат како неверојатен агенс против брчки. Патентираните змиски пептиди ги блокираат рецепторите на површинските мускулни клетки, го спречуваат нивното собирање и ги релаксираат мимичните мускули, што овозможува да се спречи појавата на брчки и кожата да се измазни и подмлади. Се смета за безбедна и природна замена за ботокс.
Начин на употреба: испрскајте од тоникот директно на исчистена и сува кожа на лицето, вратот и деколтето и оставете да се впие или вишокот нанесето го со памучен тупфер . По нанесување на тоникот Вашата кожа е тонизирана и подготвена да ги прими активните состојки кои ги содржи кремот од истата колекција. Тоникот по потреба може да се употребува и во текот на денот за хидратирање и освежување на Вашата кожа.
Пакување: 150 ml
INCI: Aqua, Propanediol, Dipeptyde Diaminobutyroyl Benzylamide Diacetate, Glycerin, Panthenol, Cocamidopropyl Betaine, Sodium Cocoamphoacetate, Lactic Acid, Parfum, Sodium Benzoate, Sodium Chloride, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin*
* Составот на производот може да претрпи промени за да биде во согласност со најновите ЕУ регулативи за безбедност на козметичките производи. Целосниот и точен состав секогаш е транспаренто напишан на оригиналното пакување!