_Element Anti-age ноќен крем за лице со змиски отров – 50 ml
Anti age ноќен крем кој совршено ја негува кожата на лицето, вратот и деколтето и видно ја подмладува со ефект како ботокс.
Anti age кремот со пептиди од змиски отров наменет е за зрела кожа и го спречува создавањето на нови брчки и ги намалува постоечките мимички брчки. Покрај тоа овој крем може да се употребува и како маска за лице со нанесување на подебел слој. Неговиот состав е со поголема концентрација на активни состојки за да овозможи длабинска регенерација на кожата во текот на ноќта. Со негова редовна употреба кожата е поцврста, позатегната, со изедначен тен и контури на лицето.
Anti age колекцијата за нега на лице со змиски отров содржи козметички препарати со аналог на отров од змија за нега на целото лице која ни овозможува да му помогнеме во борбата против првите знаците на стареење и да ја стопираме појавата на мимичките брчки кои низ годините можат да започнат да се појавуваат.
Основни активни компоненти: Главна состојка на овој крем за лице е патентираниот аналог со слично дејство како пептидите од змиски отров од ендемскиот вид Tropidolaemus wagleri. Змискиот пептид е синтетичка супстанца која ја имитира функцијата на змиски отров, познат како неверојатен агенс против брчки. Патентираните змиски пептиди ги блокираат рецепторите на површинските мускулни клетки, го спречуваат нивното собирање и ги релаксираат мимичните мускули, што овозможува да се спречи појавата на брчки и кожата да се измазни и подмлади. Се смета за безбедна и природна замена за ботокс.
Начин на употреба: навечер нанесете на чиста и тонизирана кожа на лицето, вратот и деколтето со благи масажни движења. За ефект на маска и подлабинско потхранување нанесете подебел слој од кремот.
Пакување: 50 ml
INCI: Aqua, Caprylic/Capric Triglyceride, Gossypium Herbaceum Seed Oil, Cetearyl Alcohol, Glyceryl Stearate, Glycerin, Butyrospermum Parkii Butter, Isostearyl Isostearate, Polyglyceryl-6 Palmitate/Succinate, Dimethicone, Dipeptide Diaminobutyroyl Benzylamide Diacetate, Rosa Moschata Seed Oil, Argania Spinosa Kernel Oil, Sodium Polyacrylate, Tocopheryl Acetate, Retinyl Palmitate, Parfum, Disodium Edta, Peg-8, Tocopherol, Ascorbyl Palmitate, Ascorbic Acid, Citric Acid, Dmdm Hydantoin, Iodopropynyl Butylcarbamate *
* Составот на производот може да претрпи промени за да биде во согласност со најновите ЕУ регулативи за безбедност на козметичките производи. Целосниот и точен состав секогаш е транспаренто напишан на оригиналното пакување!