Green Pharmacy Лосион за тело со вербена и масло од сладок лимон – 400 ml
Лосион за тело со вербена и масло од сладок лимон!
Разгалете ја Вашата кожа со Green Pharmacy лосионите за тело. Oдлично ја потхрануваат и хидратираат Вашата кожа и благодарение на богатата и сензуална арома оставаат чувство на свежина и примамлив мирис во текот на целиот ден. Лосионот е со лесна структура која брзо и ефикасно се впива и ја потхранува Вашата кожа, без да остава масни траги. Содржи вербена и масло од сладок лимон. Вербената ја затегнува кожата и ја подобрува нејзината еластичност, го намалува целулитот и ја подмладува и измазнува кожата и се бори со прекумерната маснотија на епидермисот. Маслото од сладок лимон ја чисти кожата и има тонизирачко, омекнувачко и потхранувачко дејство.
Начин на употреба: Мало количество од лосионот се нанесува на кожата по туширање и капење врз скоро сува кожа од вратот до прстите на нозете. Може да се нанесе неколку пати во зависност од потребите на Вашата кожа.
Пакување: 400 ml
Лосионот за тело содржи 96% природни состојки.
Состав (INCI): Aqua, Caprylic/Capric Triglyceride, Glycerin, Butyrospermum Parkii Butter, Urea, Polyglyceryl-3 Methylglucose Distearate, Verbena Officinalis Extract, Citrus Limon Peel Oil, Citrus Aurantium Flower Oil, Allantoin, Aluminum Starch Octenylsuccinate, Xanthan Gum, Ammonium Acryloyldimethyltaurate/VP Copolymer, Parfum, Sodium Benzoate, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin, Citral, Limonene, Dimethyl Phenethyl Acetate, Pinene.