Green Pharmacy Лосион за тело со смоква и арганово масло – 400 ml
Лосион за тело со екстракт од смоква и арганово масло!
Разгалете ја Вашата кожа со Green Pharmacy лосионите за тело. Oдлично ја потхрануваат и хидратираат Вашата кожа и благодарение на богатата и сензуална арома оставаат чувство на свежина и примамлив мирис во текот на целиот ден. Лосионот е со лесна структура која брзо и ефикасно се впива и ја потхранува Вашата кожа, без да остава масни траги. Содржи eкстракт од смоква и арганово масло. Аргановото масло (т.н. течно злато на Мароко) ја навлажнува и потхранува кожата, со што ја одржува младоста на кожата, исполнувајќи ја со виталност и енергија. Екстрактот од смоква кожата ја прави мека и кадифено мазна.
Начин на употреба: Мало количество од лосионот се нанесува на кожата по туширање и капење врз скоро сува кожа од вратот до прстите на нозете. Може да се нанесе неколку пати во зависност од потребите на Вашата кожа.
Пакување: 400 ml
Лосионот за тело содржи 96% природни состојки.
Состав (INCI): Aqua, Caprylic/Capric Triglyceride, Glycerin, Butyrospermum Parkii Butter, Urea, Polyglyceryl-3 Methylglucose Distearate, Ficus Carica Fruit Extract, Argania Spinosa Kernel Oil, Allantoin, Tocopheryl Acetate, Aluminum Starch Octenylsuccinate, Xanthan Gum, Ammonium Acryloyldimethyltaurate/VP Copolymer, Parfum, Potassium Sorbate, Sodium Benzoate, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin, Tetramethyl Acetyloctahydronaphthalenes, Linalyl Acetate, Hexamethylindanopyran.