_Element Дневен крем за лице со бакучиол и витамин С – 50 ml
Лесен хидратантен крем наменет за нега дури и на најчувствителната кожа!
Беспрекорна нега на кожата на лицето, вратот и деколтето. Благодарение на активните состојки кои ги содржи кремот Вашата кожа ќе биде длабински хидратирана, заштитена од штетните надворешни фактори и ќе го задржи младешкиот изглед подолго време. Со редовна употреба на производите од оваа колекција Вашата кожа ќе биде позатегната, поцврста, длабински хидратирана и со рамномерен и здрав тен.
Основни активни компоненти: Главна состојка на овој крем е екстрактот од бакучиол кој е добиен од растението Бабјак. Тој изобилува со витамин А и природно го имитира дејството на ретинолот – зголемувајќи го нивото на колаген и подобрувајќи ја еластичноста на кожата. Бакучиолот за разлика од ретинолот значително е понежен кон кожата – може да се употребува во текот на целата година, не ја суши кожата и затоа е одличен дури и за најсензитивната кожа. Ја зацврстува, навлажнува, ја осветлува кожата и ги намалува брчките и фините линии. Бакучиолот исто така помага да се намали видливоста на митесерите и ги смирува и чисти акните.
Дополнителни компоненти: витамин С кој потпомага да се подобри тенот и структурата на кожата, ниацинамид кој го стимулира производството на колаген и еластин и алги кои имаат моќно anti-age дејство врз кожата.
Начин на употреба: наутро на чиста кожа нанесете тенок слој од кремот на лицето, вратот и деколтето. За постигнување на најдобри резултати Ви препорачуваме да го употребувате заедно со останатите производи од истата серија.
Пакување: 50 ml
INCI: Aqua, Propanediol, Cetearyl Glucoside, Isostearyl Isostearate, Ethylhexyl Stearate, Dicaprylyl Carbonate, Sorbitan Olivate, Persea Gratissima Oil, Cetearyl Alcohol, Butyrospermum Parkii Butter, Bakuchiol, Fucus Vesiculosus Extract, Hydrolyzed Jojoba Esters, Niacinamide, Ascorbyl Tetraisopalmitate, Argania Spinosa Kernel Oil, Sodium Hyaluronate, Sorbitan Palmitate, Cetyl Palmitate, Sorbitan Oleate, Allantoin, Tocopherol, Beta-Sitosterol, Squalene, Glycine Soja Oil, Sodium Polyacrylate, Disodium EDTA, Hexylene Glycol, Caprylyl Glycol, Xanthan Gum, Parfum, Dehydroacetic Acid, Benzyl Alcohol, Hexyl Cinnamal, Alpha- Isomethyl Ionone
* Составот на производот може да претрпи промени за да биде во согласност со најновите ЕУ регулативи за безбедност на козметичките производи. Целосниот и точен состав секогаш е транспаренто напишан на оригиналното пакување!