Хидратантнo млеко за чистење со Алое Вера - 200 ml
Со 20% алое вера, бадемово масло, глицерин и бизаболол.
Нежно млеко за чистење на кожа за секојдневна употреба за одлични резултати!
Активни состојки: Алое Вера, бадемово масло, глицерин и бизаболол. Не содржи парафински масла и парабени. Фино парфимирано, без алергени. Производот е дерматолошки тестиран!
Дејство: Фино млеко за чистење на кожа, на база на 100% чисто алое вера, бадемово масло, растителен глицерин и бизаболол. За секојдневна употреба. Ги отстранува сите траги од шминка и други нечистотии. Нема потреба од измивање со вода по употреба. Ја прави кожата мека и хидрирана. Алое Вера содржана во големи количини (20%) ја хидрира, смирува и регенерира кожата на лицето. Бадемовото масло и растителниот глицерин ја омекнуваат и хранат Вашата кожа. Бизабололот е природен производ кој е содржан во цветовите на камилицата, ајдучката трева и некои други растенија. Делува исклучително смирувачки врз кожата. Има антибактериско и антиинфламаторно дејство. Го забрзува процесот на регeнерација на кожата. Преставува една од најефикасните супстанци кои се применуваат врз човечката кожа.
Начин на употреба: Нанесете со памук , наутро и навечер врз кожата на лицето и вратот. Остранете со хидратантен тоник со алое вера. За третманот да биде комплетен , финиширајте со вообичаениот крем за лицето од линијата Алое Вера.