До подобро здравје

The Doctor Серум против првут со катран и ихтиол – 89 ml

Наменет за нега на коса со проблеми со првут! Ефикасно делува против првутот, го регулира излачувањето на себум, ги смирува иритациите и ги заштитува косата и скалпот!

Со The Doctor серумот против првут конечно ќе се ослободите од здодевниот првут благодарение на комплексниот состав кој синергиски ги обединува катранот, ихтиолот и специојално разработениот Себо Стоп комплекс. Овој иновативен производ темелно ги негува косата и скалпот без да ги суши, го отстранува вишокот себум, ја нормализира активноста на лојните жлезди, не ја оштетува структурата на косата и го зачувува заштитниот слој на влакното и на скалпот. Резултатот е силна, здрава и негувана коса.

Серумот не содржи силикони и има специфична арома.

Синергетската формула на серумот против првут The Doctor содржи:

  • лековит катран од кора на бреза кој е природно докажано средство за борба против првутот со моќно антибактериско и антифунгално дејство. Активно ја чисти и дезинфицира косата, се бори против бактериите, го смирува нептијатното чешање и го намалува лупењето на скалпот. Ја регулира лачењето на лојните жлезди и ги смирува воспаленијата.
  • ихтиол кој го стимулира растот и ја потхранува косата,  ги буди „заспаните“ фоликули на влакната и се бори против првутот.
  • SEBO STOP комплексот (екстракти од дабова кора, кора од врба и хмељ) ја подобрува циркулацијата во скалпот, го регенерира епидермисот, го стопира опаѓањето на косата, ја зајакнува косата по целата должина, го намалува првутот и ги ублажува иритациите.

Како делува серумот:

-Нежно ги чисти и дезинфицира косата и скалпот.
-Активно ја регенерира и хидратира косата од коренот до врвовите.
-Го отстранува првутот
-Го регулира излачувањето на себум и го отстранува вишокот на себум.
-Има моќно антибактериско, антивоспалително и антифунгално дејство
-Ги намалува чешањето и иритацииите
-Ја подобрува циркулацијата на крвта на скалпот и фоликулите на косата
-Ја прави косата лесна за чешлање.
Резултатот е здрава, убава, сјајна и коса полна со волумен и еластичност.

Начин на употреба: Се нанесува рамномерно на скалпот по секое миење со лесни масажни движења, по што со чешел рамномерно се нанесува по должината на целата коса. Има лесна структура, брзо се апсорбира и не ја замрсува и не ја лепи косата.

Пакување: 89 ml

INCI: Aqua, Betula Alba Oil, Ichthammol, Salix Alba Bark Extract, Quercus Robur Bark Extract, Humulus Lupulus Cone Extract, Menthol, Betaine, Glycerin, PEG-12 Dimethicone, Acrylates/Beheneth-25 Methacrylate Copolymer, PEG-40 Hydrogenated Castor Oil, Tetrasodium Glutamate Diacetate, Sodium Hydroxide, Parfum, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin, Sodium Benzoate, Linalool, Limonene, Hexyl Cinnamal, Coumarin.*

* Составот на производот може да претрпи промени за да биде во согласност со најновите ЕУ регулативи за безбедност на козметичките производи. Целосниот и точен состав секогаш е транспаренто напишан на оригиналното пакување!

Код: 86922
Цена: 475 ден.

Производител: Elfa Pharm

 

Порачајте

The Doctor

 

Ноември 2023

Светлана & Елизабета

ПОРАЧКИ - link

 

Светлана Стајиќ
Green Master
VIP број 60676
моб. +389 (0)70 918 415, 075 522 181, 078 610 785
Skype: zdravje_ubavina
E-mail:  ss.greenmaster@gmail.com


Елизабета Стајиќ
Green Master
VIP број 60675
моб. +389 (0)70 918 448,  075 753 057
Skype: zdravje.ubavina 
E-mail:  es.greenmaster@gmail.com

Поле на интерес - Здравје, Убавина, Сјај, Дом

 

 

 

Информациите за производите на сајтот се од официјални извори на Green Master. Можни се технички грешки.

 

 

 

 

 

This template downloaded form free website templates