Крем за раце и нокти со арган - 100 ml
За потхранување и заштита на рацете!
„Течното злато на Мароко“ - маслото од Арган има својство да ја навлажнува и да ја потхранува кожата, како и да и помогне на кожата да ја задржи својата младост, исполнувајќи ја со виталност и енергија.
Растителните креми за раце и нокти Green Pharmacy се впиваат брзо и дејствуваат ефикасно, ја обновуваат мекоста и мазноста на кожата, без да создадат чувство на тежина и маснотија. Сите креми за раце содржат глицерин, бел пчелин восок, ланолин, прополис, пантенол, тиамин (витамин B1), арника, биотин, хидролизиран кератин, алантоин. Алантоинот го олеснува заздравувањето на епидермисот, има антивоспалително дејство, ја смирува, хидратира и омекнува кожата. Неговото дејство е зајакнато со растителниот мултивитамински комплекс, кератинот и витаминот B1 ги штитат ноктите од кршење и раслојување. Глицеринот ја навлажнува и тонизира кожата. Според намената секој крем во својот состав има и дополнителни различни активни состојки. Кремите нежно се втриваат во кожата и ноктите по секое миење на рацете, со што ја штитат кожата на рацете од надворешните влијанија.