Путер за тело со масло од шеа и зелено кафе - 200ml
За потхранета и хидратирана кожа!
Егзотичното масло од шеа ја омекнува, навлажнува, потхранува и регенерира кожата и во исто време делува како природен UV филтер. Екстрактот од зрна на зелено кафе е богат со фитостероли и линолова киселина и ја прави кожата позатегната, хидратирана и еластична. Истовремено се бори со слободните радикали и ја одржува младоста на кожата.
Ароматичните путери за тело ја регенерираат кожата, ја обновуваат нејзината природна мекост и еластичност, оставајќи пријатен и деликатен мирис. Кожата станува мазна, затегната и свилена на допир. Се употребуваат по туширање и капење врз скоро сува кожа од вратот до прстите на нозете. Може да се нанесе неколку пати во зависност од потребите на Вашата кожа.