Серум за суви врвови – 30 ml
Потхранете ги врвовите на косата!
Серумот за суви врвови е концентрат во кој се содржат екстракти од алое вера, ориз, маслиново масло, масло од кедар, масло од камелија. Се нанесуваат 1-2 капки од серумот на врвовите на мокра или сува коса. Серумот не се мие. Не содржи парабени, вештачки бои, SLS (Sodium lauryl sulfate) и SLES (Sodium laureth sulfate).
Серумот ги измазнува врвовите на косата, ги заштитува од распукување и заплеткување. Создава свилен ефект по целата должина на косата. Наменет е како за тенка, слаба и кршлива коса, така и за коса кој што е подложена на постојани третмани. Деликатната текстура не ја отежнува косата, туку ја зајакнува, а многуте природни состојки кои што влегуваат во составот на овој серум на косата и даваат природен сјај и здрав изглед. Екстрактот од ориз и маслото од камелија ја помагаат брзата регенерација на оштетената структура, а екстрактот од алое вера и маслото од кедар длабоко ја хидратираат косата.