Растителен еликсир - 250 ml
За зајакнување и против косопад!
Растителниот елискир ги заздравува и потхранува фоликулите на влакната. Содржи екстракт од коњско опавче, див коњски костен, репај, соини протеини и син лупин (Lupinus angustifolius ) кои што го намалуваат косопадот, даваат виталност на косата од коренот до врвовите и ја прават косата здрава, густа, лелеава и сјајна.
Растителните еликсири за коса содржат природни растителни формули, базирани на рецепти од старите книги за билки. Еликсирот се прска на измиена и влажна коса, се трие во кожата на главата и не се плакне. Не ја прави косата леплива и тешка. Еликсирите не содржат парабени, вештачки бои, SLS (Sodium lauryl sulfate) и SLES (Sodium laureth sulfate).