Балсам со коприва - 300 ml
За истоштена, кршлива и слаба коса!
Благодарение на многуте ревитализирачки активни растителни состојки: коњско опавче, коприва, жолт канатарион, див костен и брусница, балсамот ја обновува, зајакнува, хидратира и потхранува истоштената, кревка и кршлива коса. Го регулира лачењето на масните жлезди и фоликулите и го спречува пукањето на врвовите на косата. Ја зајакнува косата од коренот до врвовите и и ја враќа природната убавина и сјај. Со редовна употреба косата станува поздрава, хидратирана, сјајна, лесна за расчешлување и обликување.
Растителните балсами Green Pharmacy во себе ја обединуваат моќта на билките со кои не дарувала мајката природа. Во зависност од проблемите и типовите на коса во својот состав имаат различни состојки. Неколку капки од балсамот се ннанесуваат врз целата должина на косата по миењето со шампон. Се остава 5-10 минути да стои по што се измива обилно со вода.. Балсамите не содржат парабени, вештачки бои, SLS (Sodium lauryl sulfate) и SLES (Sodium laureаth sulfate).