Шампон против првут со цинк и бреза - 350 ml
Ослободете се од перутот!
Лековитите катрани од кората на врба кои ги има во овој шампон, се природна состојка против првут. Во комбинација со екстракт од плод на бреза се борат против микробите, гo смируваат непријатното чешање и го намалуваат лупењето на темето, ги регулираат масните жлезди од прекумерно лачење на себум. Активниот цинк ги заштитува протеините во косата. Иновативната формула со екстракт од корен на репка во чисто растително масло ја зајакнува структурата на влакното, ги потхранува фоликулите, го стимулира растот, ја намалува себорејата. Други активни состојки во шампонот се: екстракт од еукалиптус, екстракт од рузмарин, корен од каламус (Acorus calamus), хума, пантенол и салицилна киселина. Благодарение на нив фоликулите на влакното заздравуваат, косопадот се намалува, скалпот се потхранува и се чисти од мртвите клетки. Со редовна употреба косата станува здрава, добро хидратирана, лелеава и блескава.
Растителните шампони Green Pharmacy во себе ја обединуваат моќта на билките со кои не дарувала мајката природа. Во зависност од проблемите и типовите на коса во својот состав имаат различни состојки. Неколку капки шампон се нанесуваат на влажна коса, по што со лесни масажни движења во времетраење од 2-3 минути се мие косата, по што се плакне. Постапката може да се повтори. Шампоните не содржат парабени, вештачки бои, SLS (Sodium lauryl sulfate) и SLES (Sodium laureаth sulfate).