Шампон со невен - 350 ml
За нормална и мрсна коса!
Уште во минатото екстрактот од невен се употребувал за спречување на проблеми со косата и скалпот. Тој има антивоспалително и смирувачко дејство, ги неутрализира слободните радикали, ги заштитува капиларите на темето, ја спречува појавата на првут и косопад (особено на коси кои што се подложни на мастење). Пантенолот ја навлажнува и регенерира косата. Со редовна употреба се враќа природниот баланс и здрав изглед на Вашата коса. Ревитализирачките активни растителни состојки и природните хидрирачки агенси обезбедуваат трајна нега и и даваат сјај и еластичност на вашата коса.
Растителните шампони Green Pharmacy во себе ја обединуваат моќта на билките со кои не дарувала мајката природа. Во зависност од проблемите и типовите на коса во својот состав имаат различни состојки. Неколку капки шампон се нанесуваат на влажна коса, по што со лесни масажни движења во времетраење од 2-3 минути се мие косата, по што се плакне. Постапката може да се повтори. Шампоните не содржат парабени, вештачки бои, SLS (Sodium lauryl sulfate) и SLES (Sodium laureаth sulfate).