So!Flow Спреј за тело за блескава кожа – 150 ml
За сјаен и негуван изглед на Вашата кожа со егзотичен мирис на кокос и манго!
Спрејот за тело за блескава кожа е органски производ наменет за беспрекорна нега на телото. Овој спреј благодарение на природните активни состојки длабински ја хидратира и регенерира сувата кожа и ја прави помазна и поеластична. е наменето за нега на лице, коса и тело. Комбинацијата од ниацинамид и екстракти од куркума и азиска центела има моќно потхранувачко, антивоспалително и антиоксидантно дејтво, ги забрзува природните регенеративни процеси на кожата и производството на колаген, еластин и хијалурон со што се зголемува хидратацијата и еластичноста на кожата и се изедначува тенот. Благодарение на златните честички со кои е збогатен овој спреј дополнително ќе можете да го истакнете потемнетиот тен. Наменет е за нега на сите типови на кожа во текот на целата година, а особено во летниот период кога заради надворешните влијанија (сонце, ветер, хлор и сл.) на нашата кожа и е потребна дополнително и помоќно хидратирање и потхранување.
Начин на употреба: пред употреба добро проклатете го спрејот, рамномерно напрскајте на целото тело и уживајте во блескавиот и здрав изглед на Вашата кожа.
Пакување: 150 ml
Состав: Aqua, Glycerin, Polysorbate 80, Betaine, Niacinamide, Theobroma Cacao Seed Extract, Curcuma Longa Root Extract, Hydrolyzed Caesalpinia Spinosa Gum, Caesalpinia Spinosa Gum, Centella Asiatica Extract, Mica, Tetrasodium Glutamate Diacetate, Acrylates/ Beheneth-25 Methacrylate Copolymer, Titanium Dioxide, Calcium Sodium Borosilicate, Sodium Hydroxide, Iron Oxides, PEG-12 Dimethicone, Tin Oxide, Citric Acid, Parfum, Phenoxyethanol, Caprylyl Glycol, Sodium Benzoate, Potassium Sorbate, CI 77891, CI 77491*
* Составот на производот може да претрпи промени за да биде во согласност со најновите ЕУ регулативи за безбедност на козметичките производи. Целосниот и точен состав секогаш е транспаренто напишан на оригиналното пакување!