Vis Plantis Антицелулитен лосион за тело со слуз од полжав - 400 ml
Револуционерна формула со слуз од полжав против целулит!
Повеќе наменски лосион за превенција и намалување на целулит, стрии и опуштеност на кожата. Испитувањата покажуваат намалување на целулитот во просек за 35% по 4 неделна употреба. Лосионот влијае на намалување на масните наслаги и благопријатно го обликува целото тело и ги истакнува неговите контури. Соодветен за секоја возраст и секој тип на кожа. Содржи Body3 ComplexTM и Poly-Helixan.
За убава и елегантна фигура за време на диети и антицелулитни процедури, ги исполнува очекувањата на жените кои имаат проблем со прекумерно масно ткиво, целулит, стрии и отпуштеност на кожата. 2/3 од анкетираните потврдуваат дека со употреба на лосионот стриите станале помали, помалку видливи, похомогени и побезбојни. Кожата станува мека, нежна и со нормална и здрава боја.
Body3 ComplexTM - специфична комбинација од непреработено природно масло од шеа, екстракт од семиња на авокадо и бентонит, со тројно дејство врз: целулитот, стриите и недостатокот на цврстина. Има локализиран ослабнувачки ефект, го забрзува намалувањето на масното ткиво, ја намалува портокаловата кожа. Body3 ComplexTM добива Награда за иновации во 2012 год. на саем во Бангок. Непреработеното масло од шеа има ослабнувачки ефект, ја подобрува цврстината и густината на кожата. ZAG (ZAG=Zinc alpha-2-Glycoprotein) протеинот стимулира синтеза на адипоцитите, кои што ја стимулираат липолизата (разградувањето на масните наслаги). Патентираниот производствен процес ги задржува најкорисните состојки. Екстрактот одсеме на авокадо го стимулира производството на SKALP (Skin-derived Proteinase Anti Leuko Proteinase), заштитувајќи ги влакната на сврзното ткиво од деформирање, кое што доведува до зголемување на колагенските влакна, еластинот и густината на фибробластите. Во принцип при хиперплазија на масните клетки, адипоцитите го прекинуваат рамномерниот слој на влакната на сврзното ткиво и преку него поминуваат на површината. Тоа создава деформација на кожата, уште наречена како портокалова кожа. Екстрактот од семе на авокадо исто така го стимулира метаболизмот и заштитува од таложење и групирање на маснотии во адипоцитите. Бентонитот ја подобрува регенерацијата на клеточната матрица, помага за отстранување на токсините, го подобрува доставувањето на активните материи.
Филтратот одслуз од полжав Poly-Helixan - силен, квалитетен, добро балансиран, оригинален, стандардизиран комплекс од биоактивни компоненти. Добиен од слуз, изваден од полжави. Го олеснува брзото обновување на оштетената кожа. Содржи високо ниво на протеини, алантоин, витамин А, С, Е, мукополисахариди, колаген, еластин, протеолитични ензими, алфа хидрокси киселини. Ја стимулира регенерацијата на кожата, создавајќи заштитен слој врз неа, не пропуштајќи влагата да испари од неа, истовремено пропуштајќи воздух, за кожата да може да дише. Едно од најновите откритија во козметологијата со многу широк спектар и клинички докажан ефект.
Дополнителни активни состојки, кои што дејствуваат благопријатно на кожата: масло од шеа, масло од памук, витамин Е, пантенол; аромати, без алергени. Не содржи парабени, вештачки бои и PEG.
Начин на употреба: Со енергични движења масирајте ја кожата, особено на местата со целулит и/или вишок масни наслаги на телото. За најдобри резултати употребувајте го редовно наутро и навечер. За поефикасно навлегување на активните состојки, се препорачува од време на време да се употребува ексфолијант за тело .
Ефекти од лосионот:
- Повеќенаменските екстракти ја стимулираат размената на материи во кожата, масажата при нанесувањето ја подобрува микроциркулацијата - се стимулира липолизата (разградувањето на масните наслаги) и се спречува таложење на маснотии во адипоцитите;
- Видливо намалување на масните наслаги по телото, промена на целокупниот изглед на кожните недостатоци.
- Интензивната масажа со лосионот придонесува за намалувањето на целулитот, кој што не се повлекол од други производи, употребувани пред лосионот.
- Намалување на видливоста, особено на ново појавените стрии и спречува појава на нови. Кожата е длабоко хидратирана, цврста и еластична, нежна, мека и пријатна на допир со младешки изглед и боја.
Vis Plantis Антицелулитниот лосион за тело со слуз од полжав е можеби единствен со ваков состав, покрај останатите производи на пазарoт за борба со целулитот и недостатокот на цврстина на кожата. Состојките во лосионот се во иста количина, како што се при клиничките испитувања, со што се докажува нивната ефикасност:
Забелешка: Во процесот на добивање на Poly-Helixan (слуз од полжав) не се убиваат полжави. Тие се чуваат и живеат во природни услови. Филтратот се добива периодично, со помощ на стандардизирани, хумани методи, без да им се наштети на полжавите.
Пакување: 400 ml