Vis Plantis Подмладувачки лосион со слуз од полжав - 400 ml
Брзо и ефикасно ја ублажува сувата, груба и чувствителна кожа, и ја враќа нејзината природна мекост и еластичност.
За прекрасна кожа, доброхидрирана и со елегантен мирис, постигнат благодарение на овој иновативен, богат лосион со дејство врз основа на филтрат од слуз од полжав Poly-Helixan од видот Helix Aspersa, кој што ја подмладува кожата на најразлични начини. Филтратот одслуз од полжав Poly-Helixan - силен, квалитетен, добро балансиран, оригинален, стандардизиран комплекс од биоактивни компоненти. Добиен од слуз, изваден од полжави. Го олеснува брзото обновување на оштетената кожа. Содржи високо ниво на протеини, алантоин, витамин А, С, Е, мукополисахариди, колаген, еластин, протеолитични ензими, алфа хидрокси киселини. Ја стимулира регенерацијата на кожата, создавајќи защитен слој врз неа, не пропуштајќи влагата да испари од нејзе, но во исто време пропушта воздух, за кожата да може да дише. Едно од најновите откритија во козметологијата со многу широк спектар и клинички докажан ефект.
Дополнителни активни состојки, кои што благопријатно дејствуваат на кожата: масло од маслинка, масло од шеа, хиалуронска киселина, пантенол, глицерин, витамин Е; аромати, без алергени. Не содржи парабени, бои и PEG.
Начин на употреба: Се нанесува врз чиста кожа, со рамномерни масажни движења или тапкање по целото тело.
Забелешка: Во процесот на добивање на Poly-Helixan (слуз од полжав) не се убиваат полжави. Тие се чуваат и живеат во природни услови. Филтратот се добива периодично, со помощ на стандардизирани, хумани методи, без да им се наштети на полжавите.
Пакување: 400 ml