Крем со масло од коноп – 250 ml
Смирена и подмладена кожа!
Состав: масло од семки од коноп (Cannabis Sativa Hemp Seed Oil), глицерин. Не содржи парабени.
Дејство: Кремот со масло од коноп е наменет за нега на тело и лице, за сите типови на кожа, а особено за кожа склона на воспаленија. Благодарение на изобилството од антиоксиданси и идеален сразмер на Омега 3 и 6 масни киселини, маслото од коноп е познато како најсовршеното природно масло. Исто така содржи и полинезаситена масна киселина GLA која што добро влијае при хронични дерматолошки проблеми како егземи и псоријаза. Кремот ја обновува липидната бариера на кожата, ја смирува воспалената кожа, омекнува, потхранува, ја враќа еластичноста и ја штити од предвремено стареење.