Крем со кокосово масло – 250 ml
За природна нега на Вашето лице!
Состав: кокосово масло, глицерин.
Дејство: Кокосовото масло е прогласено за најздравото масло во Светот, бидејќи е многу богато со антиоксиданси и масни киселини, има антимикробно и антивоспалително дејство. Содржи помеѓу 86,5 до 90% заситени масни киселини, 5-6% полинезаситени и 1,5 до 2% моно незаситени масни киселини. Во составот на кокосовото масло најзастапена е Лауринската киселина (45%), а во него влегуваат и миристинската, палмитинската, каприлната, карпонската и стеаринската киселина. Токму масните киселини кои ги содржи кокосовото масло се тие кои го прават овој крем брзо да се апсорбира во кожата и моментално да ја омекне и измазни кожата. Кремот со кокосово масло се препорачува за нега на исклучително сува кожа, за проблеми со груба и дехидрирана кожа. За кратко време се спречува прекумерно сувата кожа и луштењето на лицето, го подобрува нејзиниот тонус и еластичност. Ја смирува и потхранува кожата во длабочина. Формира тенок заштитен филм врз кожата, која што ја штити од сите надворешни иритации. Покрај тоа кремот го одржува оптималниот хидратантен баланс. При редовна употреба се сочувува младоста на кожата и се спречува формирањето на брчки.