Бамбусова крпа од 8 слоеви
Блескаво чисти површини без дополнителни хемиски препарати!
Исклучително фино ткаените влакна по специјално патентиран метод со испреплетување на секој од 8-те слоеви поединечно и взаемно, ја прават оваа крпа најдобра меѓу бамбусовите крпи за домаќинство!
Наменета е за одмаглување, дезинфекција како и чистење на прозори, кујнски површини и плакари, мијалници, плочки, мебел, садови, очила, екрани, подови, ѕидови, шминка, играчки и сл.
Важно! Осумте слоја на крпата придонесуваат за нејзините ексклузивни апсорпциски својства и ја прават една од крпите со најсилни антибактериски својства! Погодна е за бришење на раце, бидејќи, освен што лесно се суши, дополнително ги отстранува и остатоците од разни хемикалии или храна!
Димензии: 36*36 cm
Знаете ли дека: Во 2003-та година Кинескиот Индустриски Центар за Анализа (КИЦА) направи тест за утврдување на антибактериските својства на крпата од 100% бамбусови влакна. Врз крпата е поставен примерок од бактеријата Staphylococcos aureus. По 24 часа 99,8% се уништени. Во бамбусот има антибактериски агенс кој е длабоко вграден во бамбусовите клетки и ги одбива штетниците и патогените.