Грил тава XXL за шницли и риба, со стаклен капак
За вкусно, здраво, диетално, економично и еколошко готвење!
Оваа широка тава е наменета за најголемите љубители на шницли или риба, кои со помош на оваа тава ќе ги приготвувате со крцкава кора. Овалната форма на тавата и дава елегантност, ефикасност и долготрајност. Тавата ќе Ви овозможи брзо да подготвите храна за повеќе луѓе- гурмани и љубители на добрата храна.
Неопходно е само да ја загреете тавата и да ги ставите шницлите или месото врз загреаното дно, претходно зачинети по Ваш вкус. Нелепливото и незагорувачко дно ќе Ви овозможи да го подготвите сето тоа без притоа да употребите ниту една капка масло. Месото и рибата самите ќе се печат во сопствените сокови и масти, коишто ќе истекуваат на дното на тавата. Специјално за тоа тавата е изработена со ребрасто дно.
Ребрастото дно го спречува контактот на храната со вишокот маснотија и вода, коишто се одделуваат во процесот на приготвување на храна. Месото и рибата го задржуваат својот сок, којшто кај обичните тави истекува на дното и прегорува. Така се губи поголемиот дел од вредните хранливи материи и вкус на храната. За да го отстраните вишокот на маснотии коишто се одделиле при процесот на готвење, тавата од двете страни има вдлабнатини за полесно излевање. Доколку не сте љубител на храна со крцкава кора, Вие можете да готвите месо и риба во сопствениот сос, со помош на огноотпорниот капак со којшто можете да ги динстате.
Тавата нема да дозволи месото или рибата да се разварат, а ќе се искористи природната маринада на производите. Храната може да се подготви и на пареа, бидејќи капакот дополнително е опремен со парен вентил. Можете да додавате вода или сосови, без притоа да го отворате капакот, преку страничните вдлабнатини. Тавата без проблем издржува на температура до 260° C. Специјалната рачка е огноотпорна, не се лизга и може да издржи високи температури.
Волумен: 2,8 L
Тежина: 2,7 kg
Внимание: Тавата нема феромагнетна влошка и не може да се употребува на индукциони плотни.
Код: 22502
Цена: 7580 ден.