Jocca bluetooth вага за мерење на телесна тежина
Bluetooth вага Jocca - за мерење на маснотии во телото!
Елегантен дизајн од црно калено стакло.
Лесна за употреба и пратење на телесната тежина.
Вагата мери и мускулна и коскена маса, вода во организмот, % на маснотии и индекс на телесна маса.
Вага со која покрај телесната тежина може да измерите и определите % на телесни масти, вода во телото, мускулна маса, а исто така и односот меѓу општата тежина и коскената маса. Врз резултатите може да влијаат големи количества течности, некои лекарства или менструален циклус. За мерење на општата тежина на телото не е неопходно да се внесат личните податоци, но ако сакате да се направи анализа на составот на вашето тело, неопходно е да ги внесете вашите лични податоци. Во апликацијата одберете ја мерната единица за тежина, која што сакате да ја употребувате. Ако сакате да се направи анализа на составот на вашето тело, неопходно е да ја симнете апликацијата и да ги внесете вашите лични податоци.
Начин на работа
- Ќе го намалите обемот на стомакот, половината, колковите и бедрата.
- Стартувајте ја апликацијата и вклучете ја и функцијата Bluetooth на вашиот мобилен телефон.
- Регистрирајте се и внесте ја вашата електронска пошта (e-mail) и password. Потоа во менито USER (корисник) внесете ги вашите лични податоци (име, пол, возраст, висина).
- Системот ќе ги запамти резултатите секој пат, кога ќе се мерите. Тоа ќе ви овозможи да ги проверите, ако е неопходно. Ќе имате лесен пристап до историјата на мерења и карактеристиките на вашата телесна тежина.
- Со опција „Trend“ („Графикон“), за да ги проверите информациите со запамтени податоци.
Предупредувања:
- Не застанувајте на вагата со чорапи при мерење на телесните масти и процентот на содржина на вода. Застанете со боси нозе точно врз металните плочи.
- Се забранува употреба на вагата од бремени жени и луѓе кои што имаат пејсмејкер.
- Додека се мерите не го ставајте уредот на нерамна површина. Не застанувајте на рабовите на вагата. Не застанувајте врз вагата со мокри нозе.
Одржување и чување: Не употребувајте абразивни средства за чистење, кои што можат да го оштетат уредот. Чистете ја површината само со влажна крпа. Не го потопувајте уредот во вода и други течности. Чувајте го уредот на безбедно место.
Технички карактеристики:
- Систем за грижа за здравјето преку апликација на мобилен телефон и вага за мерење на телесна тежина.
- Бежична Bluetooth технологија.
- Компатибилност со iPhone и iPod touch уреди.
- Компатибилност со смартфони и други интелигентни уреди со оперативен систем iOS верзија над 4.0 и Android верзија над 4.3.
- Димензии: 26 x 26 x 2,4 см.
- Со меморија за 8 различни корисници на еден телефон.
- Батерии 2 x 1,5 V тип ААА.
- Голема платформа од калено стакло.
- Мери тежина, телесни масти, процент на содржина на вода, коскена маса, калории, процент на мускулна маса, индекс на телесна тежина, брзина на метаболизмот, протеини, степен на дебелина (во споредба со реалната и идеалната тежина), возраст на телото (пресметано врз основа на основниот метаболизам), сува тежина на телото (LBM, тежина без масти).
- Мерни единици: kg, lb, st:lb.
- Максимална ефективна тежина: 180 kg / 396 lb / 29 stone.
- Минимална ефективна тежина: 3 kg.
- Точност на мерење: 100 g / 0,2 lb.
Овој уред одговара на прописите за безбедност и клаузулите на Директивата 2014 / 30 / ЕС за електромагнетна компатибилност.