Jocca Простирка за масажа
Комплетна масажа на грбот кога и каде и да посакате!
Благодарение на простирката за масажа Jocca за миг Вашиот кревет или софа можете да ги трансформираат во студио за масажа и да се опуштите со една тонизирачка и релаксирачка масажа на целото тело. Простирката е соодветна за секој кој сака да се опушти во комфорот на својот дом со масажа на целото тело. Особено се препорачува на луѓе кои страдаат од чести болки во областа на вратот, рамената, грбот, половината и нозете. Со помош на простирката болките брзо ќе ги снема и повторно ќе можете да се вратите на вашиот нормален ритам на живот.
Карактеристики на простирката за масажа
Простирката Jocca располага со 10 мотори, кои што обезбедуваат пријатна, релаксирачка масажа, во 4 зони:
- Вратот
- Рамената и грбот
- Половината
- Нозете
Можете да одберете меѓу 3 степени на интензитет, како и меѓу 5 типа масажа со помош на далечинскиот управувач кој е многу едноставен за ракување. Покрај тоа, за да добиете максимален комфорт и задоволство, можете да ја вклучите и функцијата за затоплување. Простирката за масажа Jocca е лесна и лесно можете да ја носите со себе и на одмор, деловни патувања или семејни средби.
Како се употребува простирката за масажа Jocca
- Вклучете го вградениот адаптер во далечинскиот управувач, а другиот крај вклучете го во електрична мрежа
- Потоа поврзете го далечинскиот управувач со простирката
- Ставете ја просирката на место каде што планирате да ја употребувате, легнете удобно и опуштете се.
- Со помош на далечинскиот управувач изберете ја саканата масажа.